Хавиер Солана заразен од коронавирус

Точка

14/03/2020

11:35

2.142

Големина на фонт

а а а

Поранешниот генерален секретар на НАТО Алијансата, 77-годишниот Хавиер Солана бил примен во болница откако бил позитивен на тестот на коронавирус.

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, неименуван извор открил дека неговата здравствена состојба се подобрува и тој е задржан во болница превентивно. Американски „ЕјБиСи“ прв пренесе дека Солана е хоспитализиран во Мадрид поради коронавирусот.

Поранешниот генерален секретар на НАТО во понеделникот присуствувал на еден собир во шпанскиот главен град Мадрид заедно со актуелната шефица на шпанската дипломатија, Аранча Гонзалез Лаја.


Хавиер Солана беше генерален секретар на НАТО во периодот од 1995-та до 1999-та година, како и висок претставник на Европската унија за надворешна политика во периодот од 1999-та до 2009-та година. Тој исто така беше и шпански министер за надворешни работи во владата на Фелипе Гонзалез од 1992-ра до 1995-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг