Руди Гобер, Ол-стар играч на Јута Џез, е позитивен на коронавирусот.
По ваквата информација која дошла непосредно пред натпреварот помеѓу Оклахома и Јута, НБА ја прекина сезоната.
Натпреварот пред кој било откриено дека Гобер е заразен исто така не беше одигран бидејќи се дознало дека двајца играчи кои се на листата на повредени играчи – Руди Гобер и Емануел Мудиај можеби имаат “SARS-CoV-2”, вирус одговорен за пандемијата на коронавирус. И двајцата биле одведени на тестирање кое покажало дека Гобер е позитивен на коронавирус.
Голема иронија на судбината е дека тој во понеделникот на конференцијата за медиуми ги исмевал мерките на претпазливост на својот тим поради епидемијата со тоа што ги триел новинарските микрофони и диктафоните кои стоеле на масата пред него и потоа истрчал од простријата.
Here's Rudy Gobert on Monday touching all the microphones in the media room on purpose.
— matt ashlock (@matt_ashlock) March 12, 2020
Here we are on Wednesday, and Rudy Gobert was just confirmed to have coronavirus, causing the NBA to suspend the season.
Unbelievable. pic.twitter.com/6BF7q3n9ao
Само три дена подоцна било потврдено дека Руди е заболен од коронавирус, со кој веројатно ги заразил и новинарите чија опрема ја допирал, потсмевајќи се со болеста која ширум светот уби над 4000 лица.