Коронавирусот прави проблеми и во мотоспортот: Донесена конечна одлука за Ф1 трката во Бахреин

Дерби

08/03/2020

15:03

4.755

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот го тресе и светот на спортот, па ширум светот редовно се откажуваат натпревари или во најмала рака истите се случуваат пред празни тирбини, без присуство на публика.

Таква ќе биде и Ф1трката за Големата награда на Бахреин која треба да се вози овој месец. Донесена е конечна одлука во Бахреин да се одржи трката, но истата да биде без присуство на гледачи поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот. 

– Во консултација со нашите меѓународни партнери и националната здравствена служба, Бахреин донесе одлука годинешното Гран при да се одржи без присуство на публика. Мора да пронајдеме баланс меѓу доброто на навивачите и учесниците, тоа е огромна одговорност. Земајќи го предвид ширењето на коронавирусот, не би било исправно да се дозволи настан кој е отворен за јавноста и во кој илјадници меѓународни патници доаѓаат во блиска интеракција, -стои во соопштението од организаторите на трката.

Гледачите ќе може да уживаат во директниот ТВ пренос кој нема да биде загрозен од епидемијата.

Како по обичај, сезоната во Формула 1 почнува следната недела со трката во Австралија која засега би требало да се одржи по стандардните процедури.



Спонзорирани линкови

Маркетинг