Чулев најави затворање на границата за да се спречи нов мигрантски бран

Макфакс

07/03/2020

15:00

1.603

Големина на фонт

а а а

Целосно затворање на јужната граница за да се спречи нов мигрантски бран, најави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во Тетово.

Министерот посочи дека имаме капацитети и сега сме многу подобро подготвени во однос на претходната мигрантска криза.

„Имаме партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ“, рече Чулев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг