Вучиќ: Издадов наредба, ако треба, херметички да се затворат границите на Србија

Макфакс

06/03/2020

16:06

1.937

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, потврди денеска дека на безбедносните служби им наредил да бидат подготвени. Тој нагласи дека во случај на ескалација на мигрантската криза и огромен прилив на бегалци херметички да се затворат границите на Србија.

„Издадов наредба на војската на Србија, го замолив и бирото за соработка со сите служби за безбедност, МУП и БИА, да ги подготват сите планови, ѝ наредив и на владата на Србија исто така, доколку дојде до загрозување на безбедноста и сигурноста на Србија, херметички да се затворат границите“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија секогаш покажувала солидарност и им помагала на мигрантите.

„Но, ние да бидеме единствена жртва и ако некој мисли дека треба да биде земја од Западен Балкан, тоа нема да се случи. Ќе ги затвориме границите во рок од 12 часа. Веќе почнавме одредени работи да правиме, продолжуваме со подготовките за затворање на границите, а се надеваме дека нема да мораме тоа да го сториме“, порача Вучиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг