Кинезите оптимистично најавуваат: До крајот на овој месец не очекуваме нови случаи на заразени од коронавирус!

Точка

06/03/2020

15:08

1.589

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти со голема доза на оптимизам најавија дека до крајот на март не очекуваат нови случаи на коронавирус дури и во градот Вухан кој беше најголемо жариште на епидемијата.

Иако бројката на заразени од коронавирусот во Кина надмина 80 илјади лица, властите се оптимистични и прогнозираат дека до крајот на март нема да има нови заразени на просторот на Вухан, епицентарот од каде вирусот започна да се шири низ Кина и светот.

Кинескиот владин експерт, Жанг Боли изјави дека од крајот на минатиот месец нема нови случаи на заразени од коронавирусот во Кина надвор од провинцијата Хубеи каде што се наоѓа градот Вухан.


Понатаму, во текот на претходните 24 часа во целата провинција Хубеи, со исклучок на Вухан, не се забележани нови случаеви.

Тоа се секако добри вести иако во самиот град Вухан и натаму има пораст на бројот на заразени во однос на претходните денови кога пак беше регистриран пад. На територијата на цела Кина, како последица на коронавирусот досега починаа нешто повеќе од 3 илјади лица.


Дека ситуацијата се опоравува укажува и податокот дека властите, како што е најавено, во текот на денешниот ден ќе ги отстранат блокадите на сообраќајниците во градот Чиби јужно од Вухан. Со други зборови, Чиби ќе стане првиот град во провинцијата Хубеи кој излегува од карантин затоа што во последните 20 дена не бил регистриран нов случај на коронавирус.

Сепак, треба да се истакне дека со поголеми проблеми се соочуваат Италија и Иран - и двете земји деновиве ги затворија сите училишта. Според последните официјални податоци, во Италија како последица на коронавирусот починаа 148 лица, а во Иран 107.



Спонзорирани линкови

Маркетинг