Нови нереди на грчко-турската граница: Полицијата со солзавец и водени топови ги сопира мигрантите

Точка

06/03/2020

10:17

1.539

Големина на фонт

а а а

Нови судири избија утринава на грчко-турската граница откако грчките сили беа приморани да реагираат со употреба на солзавец и водени топови во обидите да ги сопрат мигрантите насилно да упаднат на грчка територија.

Илјадници мигранти се обидуваат да влезат на територијата на Грција оваа седмица иако грчките власти порачаа дека границите се затворени. Кризата ескалираше откако Турција пред неколку дена порача дека нема да ги спречува мигрантите на нивниот пат кон западноевропските земји.

Набрзо голем број на миграти пристигнаа на границата со Грција откако од турската страна бил организиран и бесплатен автобуски превоз. Забележано е како турските безбедносни сили испукуваат солзавец на грчка територија, а мигрантите го користат тоа за да ја пробијат заштитната ограда.


Официјална Атина овие судири ги окарактеризира како закана по националната безбедост, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Ситуацијата ескалираше и на грчките острови каде што секојдневно пристигнуваат чамци со мигранти кои испловуваат од турскиот брег. На некои острови дојде и до судир помеѓу локалното население кое не им дозволува на мигрантите да пристапат до островите. Гневот на грчкото население го навлекоа и мигрантите кои демолираа православен храм во земјата.

Тензии на грчко-турската граница имаше и вчера, иако немаше испукување на солзавец и гумени куршуми како во текот на претходните денови.

Анкара вчера испрати и 1000 припадници на специјалните полициски сили чија задача е да го спречат евентуалното враќање на мигранитите кои се заглавени во граничниот меѓупростор на територијата на Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг