Италијанска докторка решила повеќе да не молчи за коронавирусот: Лабораториите по цели ноќи вадат тестови, примероци доаѓаат цело време

Точка

01/03/2020

16:44

78.557

Големина на фонт

а а а

Италија вовела построги мерки поради ширењето на епидемијата на коронавирусот "Covid-19". "Црвените" градови се под будно око на полицијата, карабиниерите, дури и војската, што во Италија се глетки кои можеле да се видат во далечните 70-ти години, за време на црвениот и црниот терор на таканаречените "оловни години".

Економските активности на земјата со 140 проценти долг на БДП вртоглаво паѓаат и ситуацијата не се смирува. 

Џовани Мага, директор на Институтот за молекуларна генетика при Националното истражувачко собрание во Павија, за агенцијата "AGI" зборувал за најголемото истражување спроведено ви Кина на новиот коронавирус.

"Првото клиничко големо клиничко истражување кое се однесува на морбидитетот ја потврдува сликата која е веќе дефинирана во последните седмици и сме соочени со инфекција која во 80 проценти од случаите предизвикува благи симптоми, а околу 95 проценти од луѓето закрепнуваат без сериозни компликации", рекол доктор Џовани Мага.

"Податоците ни велат дека само ограничен број на луѓе може да имаат смртоносни последици, посебно ако зборуваме за постари лица или за оние со здравствени проблеми, како што се хронични кардиоваскуларни болести", објаснува Мага.

"Наизглед високата смртност во провинцијата Хубеи, посебно во градот Вухан, веројатно зависи од потешкотиите, посебно во раните фази на епидемијата, во пружањето на правовремена и адекватна помош на сите случаи кои се пријавени", додава лекарот со кој разговарала агенцијата "AGI".

Вирологот го заклучува својот коментар така што ја намалува опасноста од вирусот.

"Од друга страна, како што е случајот со другите покраини, управувањето со сериозни случаи овозможило намалување на стапката на смртност на ниво од 0,1 до 0,3 проценти, потврдувајќи повторно дека тоа е заразна болест која може да даде сериозни последици, но само кај одредена група на луѓе, додека повеќето луѓе не доживуваат сериозна патологија и самото тоа доаѓа до закрпнување", заклучил Мага.

Јавноста се обидува да ја смири и Мариа Рита Хисмондо, директорка на одделението за микробиологија, вирологија и дијагностика на биолошката состојба во референтниот центар за заразни болести во Ломбардија.

На својот профил на Фејсбук напишала: "Мојата утринска белешка. Нашата лабораторија веќе цела вечер вади тестови. Примероци доаѓаат постојано. Мене сето ова ми личи на лудило. Заменија инфекција нешто посериозна од грип со смртоносна пандемија. Не е баш така. Погледнете ги броевите. Ова лудило многу ќе боли, посебно од економско гледиште. Моите ангели се исцрпени. Трчам да им однесам појадок. Мојата недела ќе мине во болница. Ве молам, намалете го тонот. Нека ви е радосна неделава".

По еден час, главната докторка на споменатото одделение објавила друг пост, со подеднакво силен апел, за да се избегне непотребен алармизам.

"Читајте! Не е пандемија! Во минатата недела смртноста од грипот во Италија беше 217 починати дневно. Од коронавирус е 1, напишала Мариа Рита Хисмондо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг