„Немав температура. Јас бев единствената која ја пуштија дома“: Се огласи првата жена од Италија која го преживеа коронавирусот

Точка

29/02/2020

14:06

18.398

Големина на фонт

а а а

„На тестот за корона вирус бев позитивна. Читам дека сум била излечена, но всушност никогаш не сум ни била болна“ - тврди госпоѓата од италијанското место Во Еуганео.

„Можеби сме глупави, но некој го подметна вирусот врз нашата глупавост“ - вели госпоѓата која се излечила од коронавирусот во Италија.

По смртта на Адриан Тревисан, првиот Италијанец кој почина откако му беше дијагностицирана инфекција од коронавирусот, жената поради контакт со него веднаш била тестирана, пренесуваат од хрватски “Новилист“.

„Тоа го направив поради себе, но и поради жителите на местото Во Еуганео со кои сум опкружена. Ме гледаа како да сум им го плукнала вирусот во кафето. Бидете мирни, им реков на своите пријатели, немам симпоми, а тестирањата беа негативни“ - раскажала жената.


Напротив, на тестот таа била позитивна. „Докторите веднаш ми кажаа: „поради претпазливост ќе ве хоспитализираме“, и го исполнија своето ветување“.

Жената во понеделникот наутро се вратила во својот дом, каде што била во домашна изолација. Нејзиното “престојување“ во креветот траело кратко, само ден и половина. Само толку малку, за жената да го привлече вниманието на новинарите затоа што била првата личност која била отпуштена од болница откако ѝ бил дијагностициран коронавирусот.

„Од што требаше да се плашам?“

„Јас сум една личност која е пуштена дома, а болниците наскоро ќе ги напуштат многу луѓе. Треба да се разбудиме затоа што самите си создаваме стравови и страдања“ - порачала жената.

„Докторите ми кажаа дека постарите луѓе мора да бидат повнимателни, а останатите би требало да избегнуваат места каде што има многу луѓе“ - рекла жената која што го преживеала коронавирусот.


На прашањето “дали била исплашена“, таа одговорила: „Од што требаше да се плашам? Па тоа е некој вид грип, од него не умираме доколку не сме веќе болни од некоја друга болест. Мислам дека сите полудевме од паника“.

На прашањето “како се лекувала“, одговорила: „Ништо не пиев. На тестот бев позитивна, но немав температура во ниту еден момент. Штом стигнав на болница ми дадоа инфузија. Единствениот лек кој што го консумирав беше таблетата Момент, против главоболка која ми се појави како последица на стрес“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг