Србија има проблем со мигрантите: Им влегуваат на луѓето дома

Точка

28/02/2020

17:14

3.578

Големина на фонт

а а а

"Од утре можете да очекувате значајно зголемување на силите за јавен ред и мир, кои ќе воспостават безбедна зона за сите граѓани на Шид", рекол претседателот Вучиќ.

Дополнителни и посебни единици на полицијата од утре ќе бидат присутни во Шид, за во целост да воспостават безбедност и јавен ред во тоа место, во кое последните денови се случуваат инциденти со мигранти, рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пишува српски "Telegraf".

Вучиќ рекол дека последните неколку дена граѓаните во Шид имаат проблем поради, како што рекол, нервоза кај мигрантите, кои почнале да упаѓаат во куќи и имоти и дека поради тоа бил замолен министерот за внатрешни работи, Небојша Стафановиќ, да прати посебни единици на полицијата во Шид.

"Гледам дека луѓето во Шид се многу вознемирени бидејќи им упаѓаат се почесто дома и на имотите. Затоа го замолив Стафановиќ да прати посебни единици на полицијата, дали жандармерија или некоја друга специјална единица, да воведат ред во Шид, да обезбедат мир и луѓето да не бидат заложници на бројот на мигранти кои чекаат да преминат на територијата на Хрватска", рекол Вучиќ.

Вучиќ истакнал дека полицијата ќе обезбеди мир за сите граѓани на Србија и Шид.

"Од утре можете да очекувате значајно зголемување на силите за јавен ред и мир, кои ќе воспостават безбедна зона за сите граѓани на Шид", рекол претседателот Вучиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг