“Никогаш не сум бил толку близу до смртта”: Објавил видео на кое се гледа како за малку ќе загинел под замрзнатата површина

Точка

28/02/2020

17:06

2.372

Големина на фонт

а а а

Интернет ѕвездата Џејсон Кларк го загрозил својот живот во текот на снимањето на една видео снимка.

Кларк на социјалната мрежа Тик Ток има повеќе од 400.000 следбеници, а на Инстаграм објавил видео на кое се гледа како за малку ќе загинел додека се обидувал да плива под заледеното езеро. Во еден момент дури и се гледа како очајнички се обидува да го пронајде излезот од езерото. 

“Никогаш не сум бил толку близу до смртта. Мислев дека очните јаболчици ќе ми се заледат”, напишал Кларк под снимката.

Во објавата се гледа како тој скока во дупка во едно заледено езеро и потоа се обидува да излезе, но за момент тоа е неуспешно. Кога сфатил дека не може да излезе, сакал да се врати назад, но под ледот не можел да гледа ништо по што започнал да паничи.

“Се обидував да го скршам ледот. Одненадеж го изгубив здивот и речиси целосно се откажав”, објаснил Џејсон. Најпосле, тој успеал да ја пронајде дупката од која што влегол и да излезе на површината.

Како што вели, личноста која го снимала не ја препознала сериозноста на ситуацијата, па затоа останал без помош.

Видеото од Кларк го споделил и актерот Вил Смит на својот Инстаграм профил, а неговата колешка Џенифер Гарнер искоментирала дека тоа не ѝ се допаѓа, пренесува “People”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг