Бугарија нема да попушти под заканите на Турција: Војската ќе ги брани границите од мигранти!

Точка

28/02/2020

16:32

1.587

Големина на фонт

а а а

Бугарија е подготвена да испрати илјада војници и воена опрема на границата со соседна Турција за да го спречи илегалниот доток на мигранти, порача бугарскиот министер за одбрана.

Красимир Каракачанов изјави дека полицијата успеала да спречи две групи од по 30-тина луѓе во петокот наутро да влезат во Бугарија од Турција, откако турските власти порачаа дека нема да ги спречуваат мигрантите на патот кон западна Европа, иако со договорот со ЕУ се обврзаа на тоа.

Соседна Бугарија има граница со Турција која се протега на повеќе од 300 километри, меѓутоа бугарските власти немаа преголем проблем со илегално преминување на границата во изминатите години, затоа што мигрантите преку Грција се обидуваа да минат низ Македонија и Србија кон западноевропските земји.


Официјална Софија нагласи дека нема да биде дозволен масовен доток на мигранти во времето кога се зајакнуваат превентивите мерки на границите за да се избегне ширењето на коронавирусот во земјата.

Откако синоќа 33 турски војници беа убиени во воздушен напад на сириската армија на територијата на Сирија, турските власти порачаа дека нема повеќе да ги сопираат мигрантите во нивната намера да стигнат до западноевропските земји. Според турските власти, граничната полиција, крајбрежната стража и граничарите добиле наредба да „стојат на страна“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг