Мажите ќе го 'замразат': Бекам откри како се заљубил во сопругата, а откри и дека уште чува нешто од запознавањето!

Кармин

28/02/2020

14:51

5.458

Големина на фонт

а а а

Дејвид откри како ја запознал тогашната “спајсица“ со која подоцна се венчаше, и колку и денес му значат тие спомени.

За тоа дека Дејвид и Викторија Бекам лудо се сакаат и покрај постојаните гласини дека се разведуваат, пред неколку дена потврди и поранешната “спајсица“, споделувајќи на Инстаграм снимка на која тие двајца се прегрнуваат и се бакнуваат.

View this post on Instagram

So sweet! I love u @davidbeckham x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Одоговорот на ова, како крунски доказ на љубовта, дал и фудбалерот и открил дека и понатаму го чува возниот билет на кој му го напишала телефонскиот број.

Популарниот пар е во брак повеќе од 20 години, иако многумина не им предвидувале дека долго ќе траат. Дејвид неодамна гостувал во емисијата кај Џејми Фелон и открил дека и понатаму го чува првиот спомен од запознавањето со Викторија.

„Уште го чувам возниот билет на кој Викторија го напиша нејзиниот телефонски број. Во тоа време станував дел од тимот на Манчестер Јунајтед, а тие веќе беа познати, сите знаеја за групата „Спајс грлс“. Таа дојде на еден натпревар заедно со колешка од групата „Mel Si“ во 1997-ма година. После натпреварот останаа во клубскиот ресторан. Си помислив: 'Зошто да не ја искористам шансава?' И така ѝ пријдов“, рекол Бекам и додал дека разговарале еден час и таа го испуштила возот.

„Го напиша нејзиниот телефонски број на возниот билет. И денес го чувам.“

Бекам рекол дека сите играчи на Манчестер имале своја омилена “спајсица“ во тоа време.

Кога бил прашан дали Викторија била неговата омилема, Бекам се насмеал и одговорил: „Очигледно! Да не беше, ќе беше малку чудно, зарем не?“


Да потсетиме, Дејвид и Викторија почнале да се забавуваат во 1997-ма година, а заљубениот фудбалер не чекал многу за да ја запроси. Се венчале во 1999-та година, а плод на нивната љубов се четирите деца - три сина и една ќерка. Пред 16 години Бекам имаше афера со извесна Ребека Лос, додека играл во Шпанија, но парот успеа да ја надмине брачната криза.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk