Мигрантите тргнаа кон Европа: Тргна бранот на бегалци кон Грција и Бугарија, се собираат на границите

Точка

28/02/2020

16:03

1.825

Големина на фонт

а а а

Откако висок турски службеник рекол дека Турција нема повеќе да ги сопира мигрантите кои одат кон Европа, група бегалци веќе денес масовно тргнала кон Бугарските и Грчките граници. Бугарите и Грците најавиле дека ќе ги засилат граничните контроли за да го сопрат нивното доаѓање.

Светските медиуми веќе и забележале групи кои одат кон овие граници, а никој не ги контролира. Грците најавиле дека никој од нив нема да влезе во земјата бидејќи се илегални мигранти. Инаку, во Турција има околу 3,7 милиони сириски бегалци, а најновата одлука дошла откако вчера во напад на сириските сили загинале 33 војници. 

Според договорот од 2016-та година, Европската унија обезбедила милијарда евра помош, во замена за прифаќање на Анкара да го сопре приливот на мигранти во Европа. Инаку, Европската унија порачала дека очекува од Турција да ги почитува своите обврски преземени со договорот за мигрантите склучен во 2016-та година, рекол денес портпаролот на ЕУ, реагирајќи на изјавата на висок турски службеник за мигрантите кои се обидуваат да стигнат во Европа.

"Од наша страна договорот и натаму се почитува и очекуваме и Турција да ги почитува своите обврски", рекол портпарлот на ЕУ, Петер Стано, во дневното обраќање на новинарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг