Карирано здолниште и џемпер со дупчиња кој не ги преминува границите – Деми Мур со необичен стајлинг го привлекла вниманието во Париз

Кармин

27/02/2020

16:26

4.611

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка била една од највпечатливите од присутните на ревијата на „Dior“.

Многу од познатите дами биле дел од ревијата на модната куќа „Dior“ која била одржана во состав на модната недела во Париз.

Една од присутните гости таму била и популарната актерка Деми Мур која била целосно облечена во парчиња од брендот „Dior“, а дефинитивно била и една од највпечатливите кои се појавиле таму.


Деми се појавила во црн, плетен џемпер со дупчиња и градник кој што оди заедно во комбинација со него, карирано здолниште со копчиња и црни чевли на потпетица.

Со оглед на тоа што Деми одлучила да носи џемпер кој би можел многу да открие, одлучила под него да облече маица во боја на кожа која што малку се наѕирала.


Со овој потег таа уште еднаш ги покажала границите на својот добар вкус што е чест случај со ваквите дневни комбинации на облека.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk