Принцот Хари присуствуваше на конференцијата за туризмот во Велика Британија, каде првпат после откажувањето од кралските должности ѝ се обрати на јавноста.
Побара од јавноста и медиумите едноставно да го нарекуваат „Хари“, бидејќи се откажа од титулата.
Претставувајќи го на настанот, домаќинката на манифестацијата, Ајеш Хазарика, рекла дека принцот „јасно дал до знаење сите да го нарекуваат Хари“.
„Дами и господа, ве молам, да му посакаме на Хари големо, топло добредојде“, рекла таа.
Принцот потоа излегол на сцената, ја прегрнал Хазарика и почнал да го чита говорот.
На Хари сè уште му е дозволено да ја користи титулата „Неговото кралско височество“, но само уште неколку недели. Сепак, тоа повеќе нема да биде случај, откако тој и неговата сопруга Меган Маркл на 31-ви март официјално ќе отстапат од должностите.