Животот ѝ се промени од корен откако ја испеа песната на Гага: Погледнете што прави сега Шарлот!

Кармин

27/02/2020

12:55

6.482

Големина на фонт

а а а

Цел свет ја слушна Шарлот Обери, кога беше запрена во метро и требаше да го продолжи текстот на песната „Shallow“ од филмот „The star is born“, и оваа симпатична русокоса од анонимна пејачка стана светска ѕвезда.

Квин Фрешоветер на Јутјуб каналот објавува предизвик „продолжи го текстот“ - ги запира минувачите и бара од нив да продолжат да ги пеат стиховите од песната што тој ја почнал. 

Така во метро наишол на Шарлот, пејачката која веќе 15 години настапува на свадби и во клубови, но досега не ѝ беше позната на јавноста. 

Тогаш таа го воодушеви светот со песната „Shallow“, а оваа снимка за кратко време ја прегледале повеќе од 60 милини корисници.

Името Шарлот Обери стана познато низ целиот свет, а колку стана популарна зборува и тоа што сега гостуваше во познатата емисија на Елен Деџенерис.

Шарлот во емисијата во живо ја испеа песната „Shallow“, а Елен потоа ја изненади со годишен билет за метро и со дополнителни 10.000 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk