(Видео) Гувернерот на Ломбардија во карантин, заразен е помошникот

Макфакс

27/02/2020

12:50

685

Големина на фонт

а а а

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако било утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус.

Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук, пренесе Би-би-си.

Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија.

Во земјата се пријавени 400 случаи на коронавирус, што е најголем број на заразени во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг