Хорор во Америка: Вработен во пивара добил отказ, па влетал и убил седум лица

Точка

27/02/2020

09:10

2.610

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат американските медиуми, вооружениот напад се случил во Молсон Корс во градот Милвоки.

"ABC" пренесува дека лицето кое го извело нападот во пиварата е поранешен работник. Како што откриле извори од полицијата, тој добил отказ во текот на денот, а потоа се вратил назад во пиварата со пиштоли.

Застрелал најмалку осум лица, а напаѓачот е мртов. Полицијата не прецизирала дали се самоубил, или пак бил застрелан од страна на полициските сили.

Од компанијата која се занимава со производство на пиво кон крајот на септември најавија дека ќе ја затворат подружницата во Денвер и дека ќе преместат стотина работници во Милвоки.