Имал 127 килограми, а за 8 месеци се “преполовил”: Не можел да станува од кревет, а денес работи како модел

Супермен

26/02/2020

09:50

3.261

Големина на фонт

а а а

61-годишниот Динеш Мохан од Индија вели дека единствениот излез од депресијата со која се борел долго време била храната.

Обидувајќи се преку храната да се избори со чувствата, дошол до бројка од 127 килограми и повеќе не можел да се поместува од кревет. 

Таквата состојба траела долго, сè до 2014 година кога решил дека мора да преземе нешто. Иако бил морбидно дебел и во сериозни години, Динеш не се откажувал од својата цел.

Веќе за 8 месеци, со редовно вежбање и правилна исхрана, Индиецот буквално ја преполовил својата тежина. Денес, на 61-на година тој изгледа подобро од некогаш, а благодарение на новата одлична форма станал модел и актер.

“Во 2004 година заминав во доброволна пензија за да се фокусирам на животот, но паднав во депресија. Се обидов да се избавам со преселбата кај мојата сестра и нејзиниот сопруг, но тоа дополнително ми ја влоши состојбата. Гледав како сите околу мене уживаат во својот живот, а јас на 44 години немав ништо. На тој начин развив нарушување во исхраната”, вели Мохан.

Секој ден вежбал без исклучок – 40 минути кардио и 20 минути вежби со тежина. Покрај тоа, дневно правел и по 50 склекови, а исто така станал и вегетаријанец.

Како што се топеле килограмите, така луѓето започнувале да обрнуваат внимание на него. Дотогаш, со својата телесна тежина, Динеш вели дека бил “невидлив”.

“Првиот проект го добив во 2016 година и оттогаш сè е во најдобар ред”, заклучува тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk