Прв случај на коронавирус во Романија

Макфакс

25/02/2020

20:48

1.354

Големина на фонт

а а а

Во Романија е потврден првиот случај на коронавирус кај лице кое пред три недели се вратило од Италија, објави денеска локалната телевизија Реалитатеа плус, повикувајќи се на медицински извори.

Во извештајот се наведува дека заразеното лице се наоѓа во карантин во болницата за инфективни болести „Матеј Балс“ во Букурешт.

Раководството на болницата засега не ја коментира информацијата, пренесе „Ројтерс“. 

Од коронавирус досега починале повеќе од 2.600 луѓе, главно во Кина, од каде вирусот се прошири во 29 држави. 

Бројот на потврдени случаи надмина 80.000. 

Најтешка ситуација на европско тло е во Италија, каде досега починаа десет лица, а над 320 се зарзени. 

Во Италија живеат и работат околу 1,3 милиони Романци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг