Прв случај на коронавирус во копнениот дел на Шпанија

Точка

25/02/2020

20:04

990

Големина на фонт

а а а

Шпанската влада соопшти дека една жена од Барселона е позитивна на коронавирус по неодамнешното патување во северна Италија, пренесе Ројтерс.

Претходно, околу илјада туристи во хотел на шпанскиот остров Тенерифе, на Канарските Острови, беа ставени во карантин откако италијански лекар, кој бил таму на одмор, бил позитивен на коронавирус.

„Засега гостите ќе останат во хотелот до вториот тест и во зависност од резултатите, ќе бидат преземени соодветни здравствени мерки“, рече портпаролката на шпанската влада Марија Хесус Монтеро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг