Катастрофа во бројки: Најбогатите луѓе на светот поради коронавирусот изгубија 140 милијарди долари за еден ден

Супермен

25/02/2020

14:37

2.284

Големина на фонт

а а а

Од СЗО порачуваат дека коронавирусот има тенденција да биде прогласен за епидемија, а интернационалните компании наголемо се подготвуваат за тоа сценарио.

Најбогатите 500 луѓе на светот изгубиле вкупно 139 милијарди долари во еден ден поради коронавирусот кој негативно се одразил на глобалната економија.

Стравот одамна се прошири надвор од границите на Кина, особено помеѓу инвеститорите кои се загрижени за стабилноста на светската економија.

Вчера Дов Џонс “паднал“ на 3.5 отсто што е најдрастичен резултат во последно време.


Индекс Насдак “паднал“ за 3.7 проценти, а Миланскиот пазар на берзите за 6 отсто откако е објавен бројот на жртвите во Италија.

Хаосот на пазарот се одрази и на најбогатите луѓе на светот. Џеф Безос изгубил околу 4.8 милијарди долари како последица на коронавирусот, а за исто толку е намалена и банкарската сметка на Берна Арно, челниот човек на LVMH.

Гигантските компании, како што е Apple веќе објавиле дека коронавирусот влијаел на ланците на снабдување и продажба на iPhone телефоните.

Од СЗО известуваат дека компаниите мора да бидат подготвени и за најлошото сценарио.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk