Тони Крос за прв пат прозборе за интересот од Манчестер Јунајтед: Се беше готово, но тогаш…

Дерби

25/02/2020

13:36

1.765

Големина на фонт

а а а

Германскиот интернационалец кој во моментов ги брани боите на Реал Мадрид, Тони Крос за прв пат проговори за неговото нереализирано преминување во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ се интересираа за играчот додека тој беше во Баерн Минхен, а самиот Крос призна дека договорот веќе бил постигнат, но се искомплицирал кога на клупата на Манчестер Јунајтед седнал Луи ван Гал.

– Дејвид Мојс дојде да ме види и договорот со Манчестер Јунајтед беше во суштина готов, но тогаш Мојс беше отпуштен и Луи ван Гал пристигна во клубот, а тоа ги комплицира работите. Луи сакаше време да си изгради сопствен проект. Следеше период во кој не слушнав ништо за Јунајтед, па почнав да се сомневам. По Светското првенство ми се јави Карло Анчелоти и тоа беше тоа, го комплетирав трансферот во Реал Мадрди, - изјави Тони Крос за „Атлетик“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг