Ретко која жена би се осмелила да го облече ова: За стајлингот на манекенката зборува целиот моден свет

Кармин

25/02/2020

12:05

5.310

Големина на фонт

а а а

Ресите и сребрената боја се во тренд, но кога ќе ги искомбинирате како Алесандра Амбросио, тогаш тоа се претвора во стајлинг кој ја надминува границата на добриот вкус.

Манекенката се појавила на една прослава по карневалот во Рио, а многумина искоментирале дека ваквиот стајлинг е премногу дури и за карневалска прослава. 

“Таа е згодна и може добро да носи било што, но со овој потег направила голема грешка”, е само еден од коментарите упатени на нејзина сметка.


Алесандра го надополнила стајлингот со проѕирни сандали, а без оглед на лошите коментари, таа не ја тргала насмевката од лицето цела вечер.

Сепак, она што не можело да се оспори е одлично стилизираната коса и шминката која, како и секогаш, била беспрекорна. Иако има 38 години, Амбросио и понатаму може да се пофали со совршена фигура.


Едно е сигурно – познатата манекенка одлично се чувствува во своја кожа и воопшто не се двоуми да го покаже нејзиното совршено тело.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk