Се потите и срцето забрзано ви чука додека играте видео игри? Новиот PlayStation мисли на здравјето на своите играчи

Супермен

25/02/2020

11:02

2.325

Големина на фонт

а а а

Sony внимателно ги крие тајните поврзани со новиот модел на конзолата PlayStation, но сè почесто се случува поединечни детали да “испливаат” во јавноста.

Во последните неколку месеци се објавуваат фотографии и скици од дизајнот на конзолата на социјалните мрежи, а кружат и гласини дека PlayStation 5 ќе биде компатибилен со популарните игри на PlayStation 4. 

Овие денови се зборува за патентот кој овозможува дополнителни функции на контролерот. Станува збор за технологија која овозможува повеќе опции за следење на информациите за физичките реакции на играчите во текот на играњето.

##https://twitter.com/Nibellion/status/1231947595519594499?s=20##

Со други зборови, џојстикот е дизајниран така што го регистрира бројот на отчукувања на срцето и количината на пот која се излачува во текот на играњето.

“Произведувачите сакаат да им овозможат на играчите интензивно и интерактивно искуство за да го зголемат уживањето во текот на играта. Сè поголемата достапност на екраните кои се ставаат на главата како очила за виртуелна реалност направи оваа технологија да стане поинтересна”, пишува во описот на патентот.

Сè уште не е потврдено присуството на патентот во конечниот производ, но можноста за следење на биолошките податоци дополнително предизвика интерес кај играчите.

Точниот датум на излегување на PlayStation 5 не е познат, како ни продажната цена. Sony наиде на строги NDA стандарди (заштита на доверливост на податоците) во обид да ги заштитат патентите кои се дел од новата конзола.

Microsoft планира оваа година да ја претстави конзолата Xbox Series X, па Sony се обидува да ги скрие адутите кои ќе му помогнат да му се спротивстави на најголемиот конкурент на пазарот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk