Сте испланирале патување во Италија? Еве што ќе се случи со вашите пари доколку сега го откажете вашиот аранжман

Точка

24/02/2020

15:56

4.933

Големина на фонт

а а а

Многумина од луѓето кои имале планирано овој период да патуваат во Италија го откажуваат тоа, но што ќе се случи со луѓето кои веќе уплатиле за патување во Италија преку агенции?

Луѓето кои се вработени во агенциите се во постојан контакт со хотелите во Италија кои веќе ги земале парите за нивните услуги, а вработените велат дека токму од нив зависи понатамошниот развој на оваа ситуација.

Во оној момент која агенциите ќе ги известат хотелите дека туристите нема да пристигнат таму, тогаш агенцијата е должна да ги врати парите.


„Луѓето ќе ги добијат своите пари назад, тоа е така. Тоа што е поважно е тоа што сè уште не е прогласена вонредна ситуација во таа држава. Италијанците воведоа различни реструкции што се однесува до масовните собири. Меѓутоа, некои други одлуки на некој начин ги условуваат и угостителите. Доколку тие тврдат дека можат да ги дадат тие услуги и дека нема причина да се откажуваат патувањата тука луѓето кои уплаќаат се ставени на “завршен чин“, но како и секогаш сè уште се чека на официјалната одлука на италијанската влада која сигурно дека ќе влијае и на туристите“ - изјавил вработен од туристичка агенција во соседна Србија.


Но, што доколку хотелите не ги откажат вашите аранжмани, но вие не сакате да ризикувате и да патувате?

Тоа секако дека би зависело од внатрешната политика на агенцијата - или пак да се откаже целата тура или пак да ги пренасочи вашите пари на некоја друга дестинација.

„Секако дека советот е: Оние кои уплатиле аранжман за во Италија да бидат во постојан контакт со агенцијата во која што уплатиле. Агенцијата сигурно дека нема да прави поголеми проблеми“.

Најголемиот проблем очигледно дека ќе биде кај оние туристи кои уплатиле за приватно сместување во градовите во северна Италија, по пат на „букинг“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг