Ботови на сите страни: Четвртина од објавите за оваа актуелна тема ги поставиле роботи

Точка

24/02/2020

15:42

650

Големина на фонт

а а а

Истражување на Универзитетот Браун открило дека четвртина од постовите за климатските промени на Твитер ги напишале ботови.

Ботовите се компјутерски програми кои можат да "имитираат" луѓе и да објавуваат или праќаат пораки на социјалните мрежи. Истражувачите откриле твитови кои ги објавиле ботови за да создадат впечаток дека постои високо ниво на негирање на климатските промени. 

Истражувачкиот тим аналаизирал 6,5 милиони твитови од период кој бил врзан со најавата на Доналд Трамп во јуни 2017-та година, дека САД отстапува од Парискиот климатски договор.

Откритието покажало дека ботовите веројатно објавиле 24 проценти од твитовите за климатските промени. Повеќето од тие објави се фокусирани на негирање на глобалното затоплување или отфрлање на доказите за климатските промени.

Ботови на двете страни

Ботовите се автоматизирани за праќање на пораки, но мора да ги постави личност. Тимот од Универзитетот Браун не можел да утврди кој стои зад овие ботовски објави.

Користен е алат наречен Ботометер, за да се одреди веројатноста дека некој твит го објавиле ботови.

Откриени се твитови за "лажна наука", кои биле 38 проценти постирани од ботови.

Многу помалку веројатно е дека објавите кои поддржуваат акција за заштита на животната средина доаѓаат од ботови. Научниците откриле дека само пет проценти од твитовите кои заговараат таква акција потекнуваат од овој вид на софтвер, наведува BBC.




Спонзорирани линкови

Маркетинг