МЗТ Скопје ја заврши соработката со двајца странски играчи

Дерби

24/02/2020

14:17

578

Големина на фонт

а а а

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје ја прекина соработката со двајца странски играчи Бојан Радуловиќ и Марин Морнар.

Клубот од Аеродром пред одредено време најави промени во играчкиот кадар во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во домашните натпреварувања и АБА2-лигата, па така Морнар и Радуловиќ кои одиграа далеку под очекувањата го завршија престојот во Скопје.

Морнар на 18 натпревари во АБА2 лигата имаше просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека пак Радуловиќ на 11 средби имаше просек од 2,5 поени и 2,8 скока. „Штрковите“ веќе донесоа замени за нив-тоа се турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг