Голата Кендал Џенер на насловна страна: Провокативната Кендал како трофеј

Точка

24/02/2020

12:30

3.426

Големина на фонт

а а а

Голото торзо на Кендал Џенер се нашло на насловната страна на списанието "Garage", закачено на ѕид како ловечки трофеј.

Овој необичен портрет е дело на италијанскиот концептуален уметник Маурицио Кателан. 

Списанието "Garage" се надева дека ова дело ќе стане вирално и ќе предизвика полемика и возбудување, како што било случај со претходните дела на овој уметник кој за огромни износи на пари продал три примероци од своите познати банани залепи со селотејп за ѕид во галеријата Арт Басел во Мајами.

"Ретроскептивно, епизодата со банaните изгледа како начин да се размисли за се, од лажни вести до вирална слава, од недоверба во институциите до нееднаквоста", вели Марк Гуидучи, главен уредник на Garage.

"На начинот на кој Џеф Кунс бил уметник во блескавите неонски 80-ти, Мауруицио Кателан е уметник од нашата ера. Ни се допаѓа тоа или не", додава тој.

View this post on Instagram

UNHINGED 🍌 KENDALL by CATTELAN, photographed by Campbell Addy⁠ ⁠ For GARAGE Issue 18, Kendall Jenner steps into Maurizio Cattelan's raucous world. @mauriziocattelan has been razzing the art world since well before the duct-taped banana that upended Art Basel Miami Beach last year, spurring any delusions of institution, luxury, or sanctity along the way. In these dire times, his buoyancy provides some perspective, and welcome respite. At the link in bio, GARAGE and @campbelladdy hallucinate Cattelan’s vision, as @kendalljenner—styled by GARAGE’s Fashion Director Gabriella Karefa-Johnson—becomes his unhinged muse.⁠ ⁠ Photographer and Director: @campbelladdy⁠ Fashion Director: @gabriellak_j⁠ Creative Director: @brianphillipsimage⁠ Casting: @itboygregk Hair: @evaniefrausto⁠ Makeup: @erinparsonsmakeup⁠ Manicurist: @honeynailz⁠ Set Designer: @frau.juliawagner⁠ Movement Director: @jordandrobson⁠ DOP: @jaredtaylorchristiansen⁠ Production: Heather Robbins, Maria Strycharz, and @weiliwang83

A post shared by GARAGE Magazine (@garage_magazine) on

Провокативната слика од Кендал, наречена Трофејна сопруга, потсеќа на уметничкиот восочен граден кош на супермоделот Стефани Семур од 2003-та година, и е дел од едиторијалот кој го замислил Кателан, а го снимил модниот фотограф Кемпбел Ади.

И на останатите фотографии од серијалот се наоѓа младата претприемничка и модел. На една е окружена со гулаби, на друга е спуштена од плафон, како една позната инсталација на уметникот со препарирани коњи.

Делото на Кателан е одговор на темата од последниот број на списанието "Unhinged" и претставува "сатиричен коментар на контрадикцијата и апсурдот на западната цивилизација", пренесува "Index".



Спонзорирани линкови

Маркетинг