Кирк Даглас го оставил речиси целото богатство од 60 милиони долари во хуманитарни цели

Супермен

24/02/2020

09:39

2.601

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Кирк Даглас почина на 6-ти февруари 2020 година во 104-та година од животот. Светските медиуми сега пишуваат за неговото наследство.

Како што наведуваат, Кирк оставил сума од 60 милиони долари во хуманитарни цели, а тоа значи дека неговиот син Мајкл не добил ни цент од богатството на својот татко. 


Парите, како што наведува “Daily Mail” ќе бидат распределени преку фондацијата Даглас, основана од страна на Кирк Даглас и неговата сопруга Ен Бајденс. Дел од наследството на Даглас наводно ќе добие универзитетот Сент Лоренс, Синајскиот храм во Лос Анџелес, театарот кој го носи неговото име - Кирк Даглас како и Детската болница во Лос Анџелес. 

Но, ова и не е некое големо изненадување ако го земеме предвид фактот што Кирк важеше за голем хуманитарец.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk