Урнебесно видео, Халанд во 2016-та година се пробал како рапер: Песната има над два милиони прегледи

Дерби

22/02/2020

14:00

1.634

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот кој во моментов е во центарот на вниманието на фудбалскиот свет, Ерлинг Браут Халанд во детството во Норвешка се обидел да изгради и рап кариера.

На „јутјуб“ има видео снимка од песна на Халанд заедно со уште негови двајца другари. По енормната популарност на фудбалерот, и оваа снимка си доби своја популарност, па за кратко време собра над два милиони прегледи.

Во тој период Халанд настапувал за нисколигашот од Норвешка, Брин, и не ни можел да сонува дека за кратко време наместо рап кариера ќе започне врвна фудбалска кариера во која ќе руши рекорди со своите голови…



Спонзорирани линкови

Маркетинг