Тодоров е оптимист: Зoшто во Талин да не победиме поубедливо?!

Дерби

21/02/2020

10:57

551

Големина на фонт

а а а

Македонските кошаркари имаа лош старт на квалификациите за пласман на Европското првенство, односно во првиот меч од овој циклус загубивме од Естонија со 81-72.

Со овој пораз многу си ја отежнавме работата и ќе биде тешко да обезбедиме место на ЕП, но селекторот Александар Тодоров е оптимист и верува дека во Талин можеме да вратиме за овој негативен резултат, поточно да славиме со 10 или повеќе разлика.

- Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, ние не заслуживме да победиме на крајот. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, плус Естонците го почнаа со таква агресија каква што е одлика на домашната екипа. По подолго време игравме пред полна сала, меѓутоа тоа не го искористивме. Сепак начинот на кој одигравме во второто полувреме, ми дава надеж дека сме на добар пат и дека можеме многу повеќе. Има нешто во овој состав и верувам ќе ја победиме Естонија во Талин со десет или повеќе поени. Имаме осум месеци за надградување и напредок и сигурен сум дека не е сѐ решено околу патниците за ЕП 2021, – изјави Тодоров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг