Драма во Русија: Авион удрил во земја при полетување, седум лица повредени

Точка

20/02/2020

09:03

2.460

Големина на фонт

а а а

Седум лица се повредени денес откако авион „Антонов Ан-2“ удрил во земја при полетувањето од градот Магадан на рускиот далечен исток.

„Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени“, изјави портпаролот на руското Министерство за вондредни ситуации, пренесува руски „ТАСС“.

Локалнта влада соопшти дека повредените се пренесени во локалната болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична здравствена состојба.

Според првичните информации, авионот на една приватна компанија удрил во земјата од 10 метри висина, а во него се наоѓале вработените во компанијата.

Руските власти отворија истрага, а постои сомнение дека причина за несреќата е грешка на пилотите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг