Првиот патнички авион слета во Алепо после 8 години: Погледнете каков дочек беше приреден на аеродромот

Точка

19/02/2020

18:02

6.770

Големина на фонт

а а а

Патнички авион од Дамаск слета на меѓународниот аеродром во Алепо за прв пат после цели осум години.

Сирискиот министер за сообраќај, Али Хамуд изјави дека аеродромот во Алепо ќе продолжи со работа после долгата пауза. Најголемиот дел од патниците во авионот беа странски и домашни новинари.

Сириската влада се надева дека со обновувањето на цивилниот и воздушниот сообраќај ќе помогне во оживувањето на економијата во градот каде што се водеа некои од најжестоките битки во изминатите четири години. Али Хамуд додаде дека властите сега чекаат одобрение за да се воспостават и меѓународни летови, а планот е следниот месец повторно да се отвори линија за Каиро.


Инаку, во околината на Алепо има уште еден аеродром. Станува збор за „Наираб“ кој моментално се користи како голема воена база која сириската армија ја користи за воздушни напади. Аеродромот беше мета на израелски напади затоа што се претпоставуваше дека го користат ирански сили.

Жестоката битка за Алепо, вториот најважен град во Сирија кој инаку важеше за економска престолнина на државата започна во 2012-та година и траеше до 2016-та година.

Силите на сириската армија после големата офанзива во 2016-та година најпрвин го зазедоа источниот дел од градот, а кон средината на декември истата година градот беше целосно ослободен.

Од тогаш сириската армија ги чистеше подрачјата во околината на градот, додека пак владата на големо работеше на обновување на инфраструктурата на градот во кој живеат околу 1,8 милиони Сиријци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг