Песков: Новите информации за падот на малезискиот авион покажаа дека Русија беше во право

Точка

18/02/2020

17:13

5.350

Големина на фонт

а а а

Новите информации за падот на авионот MH17 во Украина во 2014-та година се уште еден доказ дека Русија беше во право, рекол портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ги протечените документи на Холандските разузнавачки и безбедносни служби, кој покажува дека до несреќата дошло во местото во кое ракетните системи Buk во тоа време не биле распоредени.

"Тоа повторно покажува и дека и натаму има многу прашања и дека тие прашања ја доведуваат во сериозен сомнеж пристрасната позиција која неколку пати беше изразена", рекол Песков. 

Тој нагласил дека на Русија и е ускратено правото да биде членка на меѓународниот истражен тим, пренесува Itar Tass.

"Поради тоа секогаш бевме скептични и не верувавме во наглите заклучоци без основа и оваа информација е уште еден доказ дека руската страна беше во право", рекол Песков.

Тој додал дека не може да го предвиди можното влијание на овие информации на мислењето на јавноста на меѓународен план.

"Не знам, не можеме да кажеме ништо. Ајде да почекаме и да видиме", рекол Пексов.

До падот на авионот MH17 на Malaysia Airlines во јули 2014-та година дошло во областа во која ракетни системи Buk не биле распоредени за време на трагедијата, покажуваат протечените документи на холандските воени и разузнавачки безбедносни служби.

Според документот, кој бил пратен до холандските обвинители, авионот "MH17" бил надвор од дострелот на сите идентификувани и оперативни украински и руски локации на кои биле распоредени системите "9K37M1 Buk M1".




Спонзорирани линкови

Маркетинг