Динамо Загреб реализираше изненадувачки трансфер: Најдобриот играч на младинскиот тим на Арсенал пристигна меѓу „модрите“

Дерби

18/02/2020

14:27

783

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Динамо Загреб продолжуваат со својата феноменална работа кога во прашање се трансферите на играчите.

Имено, загребскиот клуб успеа да го убеди младиот фудбалер на Арсенал, Роби Бартон да пристигне во клубот во кој ќе има неверојатна можност да напредува во иднина.

Бартон важеше за еден од најталентираните фудбалери во школата на Арсенал, а оваа година е и капитен на вториот, у-23 тим на „топчиите“.

Бартон во Загреб доаѓа во перманентен трансфер, а на почеток ќе ја дели минутажата со нашиот Аријан Адеми затоа што настапуваат на иста позиција.

Од Динамо се надеваат дека ќе го повторат успехот како со Дани Олмо кој пристигна во Загреб од вториот тим на Барселона, а оваа зима реализираше вреден трансфер во редовите на Ред Бул Лајпциг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг