Симеоне пред дербито во Лигата на шампионите: Овој тим на Ливерпул ќе има свое посебно место во…

Дерби

18/02/2020

14:26

857

Големина на фонт

а а а

Вечерва на „Ванда Метрополитано“ се очекува вистински спектакл во натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите во кој ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Ливепрул.

Натпреварот кој со сигурност ќе изобилува со беспоштедна борба на теренот ќе биде во центарот на вниманието, иако во втората вечерашна пресметка ќе се соочат Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Пред средбата, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне имаше само пофални зборови за тимот на Ливерпул за кого посочи дека ќе има посебно место во историјата на фудбалот.

– Сигурен сум дека овој состав на Ливерпул ќе има посебно место во историјата. Станува збор за играчи кои имаат квалитети поинакви од сите останати. Многу лесно може да го променат стилот на игра и да се прилагодат на секаква ситуација, затоа јас лично им се восхитувам, - изјави Симеоне.

Дуелот на „Ванда Метрополитано“ се игра вечерва со почеток од 21:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг