Ни родителите не би ја препознале: Антониа Гиговска драстично го промени изгледот

Точка

18/02/2020

20:59

12.362

Големина на фонт

а а а

Со оглед дека полека ја испраќаме зимата, промените во овој период од годината се неизбежни.

Младата пејачка, Антониа Гиговска, вчеравечер буквално ја шокира македонската јавност, откако на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиниот нов изглед. 

Гиговска драстично ја скратила нејзината препознатлива долга и руса коса, а направила и шишки - нешто во што досега не сме ја виделе.

Мора да признаеме дека новата промена дефинитивно многу ѝ прилега на Антониа и дека почесто треба пријатно да нè изненадува.

Пејачката за 15 часа собра повеќе од 9.000 лајкови на фотографијата.

„Сите што имаат играно Counter Strike ќе се сложат со Fire in the hole“, „На прв поглед помислив дека е Ники Минаж“, „Светска ѕвезда“, „Вистинска реткост е некому подобро да му стои кратка отколку долга коса“, „Како Сиа си“, „Па има ли поегзотична девојка од тебе“, се само дел од коментарите под фотографијата од воодушевените фанови.

Инаку, Гиговска пред неколку денови ја објави емотивната балата „Крива сум“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг