Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Макфакс

18/02/2020

09:02

1.595

Големина на фонт

а а а

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1868 лица, што е за 98 повеќе во однос на претходниот ден, објави Националната здравствена комисија.

Во средиштето на провинцијата Хубеј, епицентарот на епидемијата, забележани се 93 смртни случаи, додека во главниот град на провинцијата Вухан починале 72 лица.Според кинеските власти,регистрирани се 1.886 нови случаи низ целата земја, со што бројот на заразени се искачи на 72.436 лица. 

Меѓу починатите е и Лиу Зиминг, директор на болницата Вухан Вучанг, јавуваат медиумите. 

Информативниот портал „Caixin“ со седиште во Пекинг објави дека повеќе од 3.000 здравствени работници веќе се заразени со вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг