Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) избегнуваат појавувања во јавноста. Парот заедно го прославил Денот на вљубените, а по тој повод конечно бил фотографиран после подолго време.
Меган со синот Арчи беше во Канада, додека Хари досега во Велика Британија се обидуваше да ги изглади односите со семејството.
Кралскиот пар заедно допатувал во Канада од Америка, каде бил поради деловни состаноци, а сам ги носел куферите и дошол со комерцијален лет.
Парот во Америка отишол и до Мајами за да излезе на вечера со Џенифер Лопез и Алекс Родригез, вереникот на пејачката.
Меган веќе добила неколку понуди за работа, а една се однесува на канадското ријалити шоу во кое Меган ќе зборува за венчавката со Хари.