Солскјер со дрзок коментар одговори на изјавата на Раиола поврзана со Пол Погба

Дерби

17/02/2020

13:17

1.231

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот агент на Пол Погба, Мино Раиола неодамна изјави дека неговиот клиент посакува да се врати во Јувентус и дека овој клуб е како втор негов дом.

Раиола со овие изјави се обидува да ја намали цената на Погба кој многу веројатно ќе си замине од Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Сепак, на овие изјави на Раиола жестоко одговори Оле Гунар Солскјер кој изјави дека Погба е играч на Манчестер Јунајтед, а не на Мино Раиола.

– Она што е сигурно е тоа дека не разговарав за случајот со Мино. Пол е наш играч, а не негов. Чекаме да заздрави доволно за да може да игра. Сигурен сум дека и тој едвај чека да се врати на теренот. Кога сте повредени тоа е комплициран период во кариерата, но тоа е дел од играњето фудбал. Тој е фудбалер и сака да игра фудбал, знае дека мора да работи напорно за да го подигне нивото на максимум. Тоа ќе биде предизвик за него, да се врати во форма. Почна да трча, така што денот на неговото враќање е се поблиску, - изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг