Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Макфакс

17/02/2020

11:09

346

Големина на фонт

а а а

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14.20 часот на улица Железничка во Охрид кога автомобил „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од село Велгошти, охридско.

Жената-пешак се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг