Милинковиќ-Савиќ по големата победа на Интер: Зошто Лацио да не го освои Скудетото?

Дерби

17/02/2020

10:28

516

Големина на фонт

а а а

Тимот на Лацио успеа да го добие дербито со Интер и со тоа да дојде до второто место во Серија А.

Лацијалите во својот дом на „Олимпико“ славеа со 2-1 со пресврт во второто полувреме со погодоците на Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ со што ја продолжија серијата на непобедливост на 19 натпревари во Калчото. Оваа победа и целата оваа низа на успешни резултати го доведува Лацио да има можност да се бори за пехарот во Италија и за тоа веќе отворено почнуваат да зборуваат самите играчи на клубот од Рим.

- Јас дадов гол, ама целиот тим дојде до оваа победа. Точно е она што го кажавме пред неколку дена, ние сме семејство и сакаме вака да продолжиме. Интер не играше добро во првото полувреме, ние создадовме повеќе шанси, ама тие дадоа гол. Па ние влеговме во соблекувалната, рековме оти ова мора да биде наш натпревар и се вративме со истиот став како да е 0-0. Она што се чувствуваме како должни е да обезбедиме пласман во ЛШ, но ако сме блиску до врвот при крајот, тогаш зошто да не тргнеме по Скудетото? Интер нема да се откаже затоа што победивме вечерва, нема да се откажеме без оглед на тоа што се случува во иднина, потоа ќе видиме како се одвиваат работите, - порача Милинковиќ-Савиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг