Пијаната Британка која се обидела да ја отвори вратата од авионот во текот на летот осудена е на две години затвор

Точка

14/02/2020

20:40

2.636

Големина на фонт

а а а

Британката која се обидела да ја отвори вратата од авионот во текот на летот, осудена е на две години затвор.

Клои Хејнс (26) во јуни минатата година, летала од Лондон до Деламан во Турција кога посадата и останатите патници ја спречиле да ја отвори вратата од авионот.  

Од авио компанијата „Jet2.com“, чии услуги ги користела изјавиле дека доживотно ѝ забраниле да лета со нивните авиони, пренесуваат од Си-ен-ен.

Во текот на судењето изјавено било дека Хејнс била под дејство на алкохол и лекови како и дека не се сеќава на инцидентот.

Видно вознемирената Хејнс изјавила дека ќе се убие себеси, но и сите патници.

„Сакам да умрам, сите ќе ве убијам“ - рекла Хејнс.

Во текот на летот во авионот имало 206 патници, а Хејнс ја признала вината велејќи дека на ништо не се сеќава. Нејзиниот адвокат Оливер Саксбај изјавил дека Хејнс има проблем со менталното здравје како и дека во моментот на инцидентот била под дејство на алкохол.

„Се срами од тоа што го направи и многу ѝ е непријатно поради сè“ - додал адвокатот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг