5-годишен херој го спасил семејството од пожар: Ја изнел 2-годишната сестра низ прозорецот, а потоа се вратил по останатите

Точка

14/02/2020

19:01

1.642

Големина на фонт

а а а

Кога 5-годишното момче од Џорџија се разбудило, неговата соба била во пламен, но тоа без паника тргнало во акција за спасување на целото семејство.

Ноа Вудс е именуван за почесен пожарникар, а денеска за своето јунаштво ќе добие ретко признание. Ноа е еден од осумте членови на семејството кои спиеле во нивниот дом во округот Бартоу во неделата, кога го разбудил чад и пламен во собата која ја делел со 2-годишната сестра Лили. 

Вудс скокнал од креветот, ја грабнал сестрата и ја изнел надвор од единствениот слободен излез – отворениот прозорец, пишува “CNN”. Но, Ноа не застанал тука – тој се вратил во домот за да го спаси и семејното куче, а потоа истрчал кај неговиот вујко кој живеел во соседната куќа и заедно го алармирале остатокот од семејството.

Неговиот чин, пожарникарите го нарекле “извонреден”. Велат дека пожарот бил предизвикан од преоптоварен штекер во детската соба. Кога пристигнала противпожарната единица, Ноа и уште четири членови на семејството побарале помош поради помали изгореници и вдишување на чад.

“Со Божја милост, сите деветмина успеавме да излеземе од нашиот дом”, напишал дедото на Ноа, Дејвид Вудс на платформата “GoFundMe”. “Да не беше тој, денес не би биле тука”, додал Дејвид.

Поради уништениот дом, семејството побарало помош од заедницата додека повторно не застане на нозе, а досега за нив се собрани повеќе од 16 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг