Ја напиша и отпеа насловната песна за новиот „Џејмс Бонд“, а има само 18 години – Били Ајлиш е иднината на музиката

Точка

14/02/2020

17:14

2.330

Големина на фонт

а а а

Били Ајлиш пред неколку часа ја објави песната „No time to die“ - нејзината нова, а воедно и насловна песна за филмот за Џејмс Бонд.

Тинејџерката која полека, но сигурно го освојува светот оваа песна ја напишала и смислила заедно со својот 22-годишен брат Финеас О'Конел, а излезе заедно со новиот трејлер за Џејмс Бонд.  

За само неколку часа песната има над три милиони прегледи и многубројни лајкови.

Били така стана најмладата музичарка во историјата која напишала и извела песна за Џејмс Бонд.

Тинејџерката која многумина ја нарекуваат “иднина на музиката со својот брат освои пет Греми награди и со тоа стана најмладата личност во историјата која добила толку многу награди во една од најважните категории.

Исто така таа пред неколку денови настапуваше на доделувањето на престижните награди за Оскар.

Погледнете го нејзиниот настап таму:



Спонзорирани линкови

Маркетинг