Предодредени за богатство: Во овој хороскопски знак има најмногу милијардери

Кармин

13/02/2020

19:45

3.630

Големина на фонт

а а а

Најголем број на милијардери се родени во овој хороскопски знак.

Луѓето кои веруваат во хороскоп велат дека ѕвездите можат да предивидат се. 

А сега, новите податоци сугерираат дека хороскопот може дури и да прогнозира дали некој ќе стане милијардер. Од сите знаци, луѓето родени во еден огнен знак се покажале како најбројни меѓу милијардерите. Станува збор за Лавовите.

Истражувачите од британското деловно советувалиште "Adview" откриле дека од сите милијардери на неодамна објавениот попис на "Fortune 400" имало најмногу Лавови. Вкупно на списокот имало 28 милијардери кои според хороскопскиот знак се Лавови. Бикот е на второ место, со 24 милијардери, а следи Вага со 23. Најмалку милијардери има во знакот Овен, само 12.

Еве ја листата:

Лав: 28 милијардери

Бик: 24 милијардери

Вага: 23 милијардери

Водолија: 22 милијардери

Близнаци: 21 милијардер

Девица: 21 милијардер

Јарец: 21 милијардер

Риби: 21 милијардер

Рак: 20 милијардери

Стрелец: 18 милијардери

Скорпија: 16 милијардери

Овен: 12 милијардери

Аналитичарите веќе со години го следат односот меѓу месеците на раѓање и успехот. Неодамна на Универзитетот во Торонто откриле дека бебињата родени во септември имаат најголема шанса да се чувствуваат самоуверено и да одат на факултет, како и најмалку шанси да завршат во затвор.

Тоа е нешто поинаку од тоа што го открило истражувањето за милијардерите. Септемвриските бебиња се или Девица или Вага, кои на листата на милијардерите се вброиле на третото и петтото место.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk