Утре (14-ти февруари) е светскиот ден на љубовта, а многу парови ќе го прослават Денот на вљубените, но дали сте знаеле дека и денеска исто така се слави – денеска е денот на сите швалери и љубовници.
Во пресрет на Денот на вљубените, во Америка и земјите од западна Европа, особено во Велика Британија, се одбележува неофицијалниот ден на љубовниците.
Денот на љубовниците, како што пишува британскиот “Sun”, е одбран како ден за славење на партнерите кои од различни причини ја кријат својата љубов.
“Денеска повеќето неверни жени и мажи ја прославуваат забранетата врска или секс-афера, а утре ќе имаат реприза на прославата со своите “официјални” партнери”, пишува “Sun”.
Неодамна еден сајт за склопување на вонбрачни врски спровел истражувањето кое покажало дека 52 отсто од луѓето ја прославуваат својата тајна врска на 13-ти февруари. Подароците кои тогаш се разменуваат се многу посмели и побезобразни отколку оние кои се резервирани за партнерите.
“Љубовниците се доста поопуштени па затоа бираат и побезобразни подароци, додека постојаните партнери играат на сигурна карта”, велат брачните терапевти.
Интересно е што 5 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе го прослават Денот на вљубените со својата тајна љубов ден по празникот, а дури 12 отсто од прељубниците изјавиле дека ќе бидат со своите љубовници токму на Денот на вљубените.