Состојбата на Пеле е тешка, паѓал во депресија и одбивал да излезе од дома

Дерби

11/02/2020

11:45

1.093

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле минува низ најтешките години од својот живот.

Пеле е во доцните седумдесетти и постојано има проблеми со здравјето, а поради проблемите со колковите тој веќе почнал да паѓа во депресија.

Тоа го потврди неговиот син Едсон кој во разговор за бразилската телевизија „Глобо“ детално ја откри состојбата на неговиот татко.

– Тој е многу нестабилен. Вграден муе вештачки колк, а заздравувањето не беше идеално. Тешко се движи и тоа му прави депресија. Замислете, беше крал, посебна личност, а сега не може да оди. Тешко му е. Не сака да излезе од дома затоа што му е срам да не го види некој, - изјави синот на Пеле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг